Градоначалникот Илија Јованоски денеска во својот кабинет ги прими ракометарите на кадетската екипа на РК „Прилеп“, кои на завршниот фајнал фор одржан во Струга, ја освоија вицешапионската титула.
Јованоски потенцираше дека успехот на младите прилепски ракометари на тренерот Адријано Котевски е уште поголем, ако се има во предвид фактот дека нивните успеси имаат континуитет бидејќи минатата година кадетите на РК „Прилеп“ беа државни прваци.
За жал сениорската екипа на РК “Прилеп” сезонава испадна од најелитното ракометно друштво, па во наредната ќе се натпреварува во еден ранг подолу.
Во предизборието Јованоски ветуваше европска иднина за спортот во Прилеп, но сега двата најголеми клуба, ФК Победа и РК Прилеп ќе се натпреваруваат во Втора лига.