РКЕ одлучи: Полнете резервоари – од полноќ поскап бензин и дизел

Рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,60%.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,58%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се променува, односно останува на исто ниво, како што била утврдена со Одлуката од 03.09.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.09.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 03.09.2018 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 54,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,347 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.09.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,351 ден/кг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.