Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00% во однос на одлуката од 1.7.2024 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,626 ден/кг.
Од 9.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 84,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 86,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 77,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 48,634 (денари/килограм)