Денеска во присуство на Министерот за спорт, Борко Ристовски, беше пуштено во употреба реконструираното фудбалско игралиште во Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп.
Ова игралиште кое е реконструирано според ФИФА стандардите ќе биде место каде учениците на прилепската гимназија ќе можат да спортуваат, да се дружат, да стекнуваат здрави навики и фер-плеј вредности.
-Проектот го реализираше Министерството за спорт, а како Локална самоуправа упатуваме голема благодарност до Владата на Република Македонија и Премиерот Христијан Мицкоски за несебичната поддршка! Општина Прилеп и понатаму ќе продолжи да инвестира во младите, бидејќи тие инвестиции се инвестиции во иднината! Сигурен сум дека ова игралиште ќе биде од голема корист за сите ученици – истакна градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.
По пуштањето во употреба на игралишетото, Ристовски и Јовчески ги покажаа и фудбалските вештини во заеднички натпревар со учениците.