Ристески со повик до граѓаните: Во сабота од Прилеп сите заедно да и` порачаме едно големо НЕ на оваа ненародна и предавничка власт

СДС успеа за само една година и пол, да ја врати Македонија наназад 30 години. Освен црнила, пораз на сите полиња, најлош животен стандард од осамостојувањето на Македонија, уназадување на економијата, ниту една странска инвестиција, катастрофално здравство, образование, и најбитно, распродажба на националните интереси, нема што да им понудат друго на граѓаните, истакна Петар Ристески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-За година и пол, имаме огромно секојдневно задолжување, а нема ниту еден значаен реализиран проект! Иако ветуваа брда и долини, повисоки плати, нови инвестиции, нови вработувања, ветуваа дека ќе ги вратат младите во државата, засега ништо од тоа! И со секој изминат ден, не само што покажуваат дека не прават нешто корисно, туку напротив, го урнисаа и она што беше изградено во наше време. Јавноста мора и треба да знае на што се трошат парите! Падот на скалата на ДУИНГ Бизнис се должи токму на нивната неспособност. Сите оние статистики и статии во кои Македонија се рангира како најлошо, најмизерно место за живеење, со најмалку среќни граѓани, се должат директно на погубните политики на владата на СДС! Ветуваа и дека ќе ги вратат парите кај граѓаните, уште едно од низата лажни ветувања, кои се покажаа како ветувања за ситни политички поени, рече Ристески и додаде:

„И наместо да имаме подобри услови за живот, имаме воведување на нови даноци, дополнително буричкање во џебот на народот, полнење на буџетот со нови давачки на маката на обичниот работник, за накрај да не се знае трагата на тие пари. Кога ветија дека ќе донесат живот, сигурно мислеа на животот за своите најблиски роднини, пријатели и партиски активисти. И додека секојдневно сведочиме за гол популизам од невиден размер, за непотизам, вдомување на високи позиции на деца, пријатели на високи партиски функционери од редот на СДС, земјоделецот и понатаму едвај врзува крај со крај. Ќарат на неговата мака, на неговиот залуден труд, ќарат на катастрофалната откупна цена на јаболката, и непреземањето одговорност за нешто да променат. Нема 500 евра плата. Нема 100.000 денари плата за лекарите. Нема нови инвестиции. Нема нови работни места за обичниот народ. Она што го има е црнила, распродажба на светото име и идентитет, понижување на Македонецот“.

Токму поради сето ова, потенцираше тој, ве повикувам во сабота, со почеток од 13 часот, пред Театарот Војдан Чернодрински во Прилеп, да ни се придружите на протестен марш, каде сите заедно ќе и порачаме едно големо НЕ на оваа ненародна и предавничка власт.

-Сите заедно ќе се спротивставиме на неправдата направена на секој еден граѓанин, ќе се спротивставиме на ова црно време во кое живееме! Затоа што секој изминат ден власт на СДС, е залудно потрошено време кое остава катастрофални последици. Само така заедно, сплотени, ќе успееме да го осветлиме патот, патот по кој Македонија мора да продолжи да чекори напред!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.