Ристески: СДС остави 200 студенти без сместување во студентски (ВИДЕО)

Катастрофалните политики и немањето ниту малку доблест и грижа за студентите, доведе до создавање на трул систем од кој се повеќе млади се разочаруваат и својот спас го гледаат надвор од границите на Македонија – истакна на прес конференција Илија Ристески од Прилеп, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

На само ден пред почетокот на академската година, над 200 студенти од цела Македонија, се уште се наоѓаат на фамозната листа на чекање, а притоа немаат добиено никаква информација за тоа дали воопшто се примени во еден од студентските домови или пак во кој студентски дом ќе бидат сместени.

Над 200 млади студенти кои решиле да се посветат на градење сопствена иднина во Македонија, се оставени во неизвесност, несигурност и без гарантиран покрив над глава.

Сето ова, е резултат на неспособните партиски кадри на социјалдемократската младина, кои во моментот се кријат и не даваат никакви одговори во однос на овие прашања, бидејќи за нив студентите и младите се секогаш на последното место во приоритетите. Овие пропаднати и некадарни поединци, се уште не даваат никаков одговор околу тоа дали студентите, во 21 век и 2023 година, воопшто ќе имаат обезбеден доручек за кој самите плаќаат при престојот во студентските домови.

Студентите од 2017 година па навака, сведочат на едно системско уништување и рушење на соништата на младите, на воспоставените пракси, и со тоа удираат врз она што е најважно за една држава – образованието и иднината. Од таа 2017 година, која наместо година на надеж како што тие ја претставуваа се претвори во кобна година за Македонија и македонскиот народ, студентските домови кои беа целосно реконструирани во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, како и за сите останати капитални проекти во државата, се оставени да скапуваат, а младите се упатени да преживуваат со 140 денари и супстандардни услови карактеристични за животот во минатиот век.

Оваа негрижа и свесно уништување на малкуте работи кои останаа на користење на младите, укажува на тоа дека близу 1500 легла наменети за студенти низ Македонија се празни. Ниту трага ниту глас од оние кои заминаа и кои оваа власт ќе ги враќаше да ги подигнат патиките од пред влада, ниту трага ниту глас од студентскиот град со кој се фалеа, ниту трага ниту глас од надежта и иднината кои тие ги ветија пред цели 6 години.

Уништувањето на се што им беше оставено во студентските домови претставува и соодветна метафора за тоа што се случува во Македонија во последните 6 години. Целото газење на достоинството на секој еден граѓанин се однесува и на студентите, а лажните ветувања се однесуваа и на младинските политики, но и на прашањата како националните интереси.

Почитувани,

Ви се обраќаат токму оние кои останаа во Македонија, решени да се борат против вашиот криминал и неправди, младите од кои вие најмногу се плашите. Младите на кои им ветувавте многу, а не им испорачавте ништо.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе ги преземе сите расположливи механизми за адресирање и решавање на овие проблеми, институционално, но и вон институциите или на улиците доколку има потреба. Лажните борци за младите и кадрите на социјалдемократите треба да бидат свесни за злоделата кои ги нанесоа на секој еден млад човек во Македонија. Одговорност, ќе има!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.