Во организација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), во Сокобања, Србија, се одржа дводневен настан на кој слушателите ги запознавме за концептот на транспарентно, одговорно и отчетно локално владеење.
Предавањето е дизајнирано присутните да ги опреми со практични примери, како и вештини и стратегии кои се неопходни за транспарентно работење во интерес на граѓаните и заедницата.
Со дванаесетгодишното искуство како Градоначалник на општина Прилеп, ги споделив практиките за успешно локално владеење со присуните на настанот од Србија.
Бидејќи, најважните елементи во процесот на јакнење на интегритетот и постигнувањето успешни резултати се транспарентноста и отчетноста, неопходно е нивно подобрување во континуитет.
За да изградиме институции во интерес на граѓаните, транспарентноста е прашање што треба да го надоградуваме.