Со положување венци со свежо цвеќе кај спомен комплексот “Карпалак”, бројни делегации денеска одадоа почит на десетте прилепски бранители кои своите животи ги положија за Македонија во еден од најкрвавите и кукавички чинови во конфликтот во 2001 година.
24 години тага и непребол за: Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник.
Владината делегација во Прилеп ја предводеше актуелниот заменик министер за економија, Марјан Ристески, кој е еден од преживеаните бранители во крвавиот чин кај Карпалак.
Во своето обраќање Ристески се потсети на настанот, порачувајќи дека никој од нас не смее да ја заборави жртвата, која ја дадоа овие наши сограѓани и херои.
“Овој ден е силно врежан во моите мисли, кога заедно со повеќе од 100 резервисти бевме сведоци на ужасот, кој им го одзеде животот на моите соборци, кои загинаа за одбраната на нашата татковина”, порача Ристески.
https://www.facebook.com/share/v/195DxhkUnc/