Ристески на „Ability awards 2024“: “Мораме заедно да работиме на унапредување на положбата на лицата со попреченост”

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост вчера во хотелот Хилтон во Скопје, „Ability awards 2024“ им додели награда на 10 лица со попреченост кои ги споделија своите инспиративни приказни за надминување на бариерите и достигнување на својот успех. Признание добија и 10 водечки компании, за своите иновативни и инклузивни практики што го менуваат начинот на којшто го гледаме светот.

На настанот присутен беше и Заменик министерот за економија и труд од Прилеп, Марјан Ристески, кој имаше чест да ја додели наградата во категоријата – Бизнис Иноватор.

-Мораме заедно да работиме на унапредување на положбата на лицата со попреченост, мораме да работиме на зголемување на корпоративните социјални одговорности. Овој настан, кој се организира по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, е прекрасна можност да ги истакнеме позитивните примери и придобивките за сите во општеството – напиша Ристески на ФБ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.