Ристески за новиот закон на Владата против пушење: “Треба да се поддржи секој закон што го штити здравјето”

Треба да се има поддршка на секој закон што го штити здравјето на граѓаните, изјави денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој присуствуваше на настан во општина Кисела Вода.

Тој беше прашан дали е предвидена средба со угостителите во однос на најавениот закон против пушење.

-Новиот закон за пушење што е во најава е во надлежност на Министерството за здравство, а не на Министерството за економија и труд. Секако дека ќе има средби со угостителите и со сите со цел да бидат запознаени пред се од страна на Министерството за новиот закон. Јас сметам дека треба да се има поддршка на секој закон што пред се го штити здравјето на граѓаните и постепено законската регулатива да ја адаптираме и прилагуваме на европските законски регулативи, одговори Ристески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.