Ристески: Два пати ми го демолиpaвте автомобилот, а сега ми фpливте мacло во двopoт” (Фото)

Непознат сторител фрлил автомобилско масло и направил штета во дворот на поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески.

Ристески со Фејсбук статус реагираше за настанот:

“Почитувани сторители…сакам само да Ве поздравам… синоќа пак сте ми направиле штета-фрливте автомобилско масло во мојот двор!

Во рок од 3 години, два пати ми го демолирате автомобилот, а еве сега дојде ред пакост и на дворот да ми направите…или повторно ќе следува нова “дозирана” кривична пријава?…го научивме веќе редот!

А, нели живееме во: “демократска”, “европска” и ‘НАТО” Македонија?

И наместо на градот и државата, вие “господа” – 4 години потрошивте на мене, исполнувајќи го само својот фрустриран “фетиш”… и ништо друго, а прилепчани добија само УНАЗАДЕН ГРАД!

И еве уште еднаш да Ви укажам, не си го трошете времето со мене, нека не Ве прогонува постојано мојата “аура “и сè што имам направено за овој град…напротив, сето тоа требаше да Ви биде само поттик и репер, а не страв… да ме надминете и направите повеќе, да оставите траг по кој ќе Ве паметат граѓаните, затоа што го заслужуваат тоа!!!

Се надевам наредните, ќе успеат да ја исправат лошата слика и ги надминат вашите “севернокорејски” методи, враќајќи го демократскиот, натпреварувачки и вистински европски дух на градот, како што беше претходно!

УШТЕ ЕДНАШ ВИ УПАТУВАМ ГОЛЕМ ДРУГАРСКИ ПОЗДРАВ!!!

П.С. Со сето ова, за овој целокупен моментален “европско-демокртатски” дух во Прилеп, ќе бидат запознаени сите амбасади-мои драги пријатели!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.