Фејсбук статус на поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески
“Во последно време гледаме по социјалниве мрежи засилени еколошки акции, чистења, садење дрва, самопромоции… и повторно си велиме оффф идат избори!!
На едни слики насмеани лица (демек еко-алтернативци)… во рацете со црни вреќи собрани: шишиња, лименки, тоалетна хартија, презервативи….
На други слики пак млади луѓе дотерани во нова патика, скапа тренерка (задолжителна наочара за сонце)… со грешно фатени мотики и лопати во раце… бајаги садат дрва… а над главите изгорена шума накитена со боров четник и вагони гасеници поради негрижа на надлежните (парадокс за плачење или смеење одлучете сами⁉️).
Селфи активности на звучни датуми: “Ден на пролетта”, “Ден на планетата земја”, “Ден на екологијата”, Ден на ова… ден на она… дрн дрн… или по нашки кажано: денови, акции многу – ефекти “ИЧ”‼️
Факт: На денешницава “ИН” е да си “ЗЕЛЕН”, ама во вистинска смисла на зборот… и ако вистински сте Greenpeace, тогаш ајде малку поинаку:
Укажете и на власта дека ѓубрето не е само обично ѓубре, туку суровина од која се прави профит!;
Правете притисок –демонстрации врз надлежните, веднаш да се активира фабрика за селекција и рециклирање на отпадот (оти само тоа е спасот, на избори се скапаа ветувања за ова);
Правете континуиран притисок да се набави машина за преработка на градежен шут, па натерајте ги луѓето да им го продаваат истиот, а не да завршува во ендеци покрај патот (слично како со пластиката);
Протестирајте во градот во знак на револт, оти депониите Ви се пред нос, пред Вашите згради, куќи, градинка или училиште…; …или од местото каде садите, испратете петиција (апел) до надлежните дека треба да не заштитат од дивата сеча и да ја запрашуваат шумата од боров четник барем еднаш годишно…;
Барајте ја ветената и итна гасификација за да не дишете смог…;
…Или драги Greenpeace ентузијасти, “невладини” и подмладоци треба да научите дека црните вреќи и лопатчиња се заменуваат со демонстрирање и јавни апели со револт, за повеќе да ја заинтригирате заспаната Власт‼️
П.С.
Ете тогаш ќе бидете онаа вистинската Грета Тунберг (не телефонската), оти вака, самопромоција голема, ефектот 0 или… ниту вистински ќе исчистите, ниту нова шума ќе Ви никне… да се разбереме!”