Ристески го собра тимот! Различни нации, различни континенти, но исти корени… (ФОТО)

Актуелниот заменик министер за економија и најуспешен градоначалник во историјата на Македонија, Марјан Ристески, објави фотографии од семејна дружба со своите братучеди – кои живеат во различни краишта во светот.

Македонија, Германија, Австралија, Холандија, Луксембург… различни нации, различни континети, но исти корени, но функционираме како еден тим – напиша Ристески на Фејсбук.

На фотографиите кои ги објави, тимот носи дресови на македонската фудбалска репрезентација, а Ристески е во улога на тренер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.