На средба со мојот претходник, Зоран Маневски, разговаравме за состојбите со министерството за економија и труд, неговата работа како и идните чекори кои треба да се превземат – напиша на ФБ новиот Заменик министер за економија и труд, Марјан Ристески, кој вчера официјално ја презеде функцијата од неговиот претходник во ова министерство.
Фејсбук статусот на Ристески во целост го пренесуваме во продолжение:
Приоритети и визија за функционирањето на министерството за економија и труд се:
➡️Подобрување на деловната клима, креирање на поволна економска политика со цел зголемување на животниот стандард на сите граѓани на Република Македонија
➡️Поголема финансиска поддршка за инвестициите за домашните и странските компании
➡️Поддршка за конкурентноста на македонската индустрија
➡️Поддршка на зелена и дигитална трансформација на индустријата, истражување и развој и иновации
➡️Фер, транспарентен и отворен социјален дијалог помеѓу бизнис заедницата и синдикатите
➡️Унапредување на правата на работниците, заштита на работничките права во директна соработка со репрезентативните синдикати
➡️Реорганизација на работата на Агенцијата за вработување која ќе прерасне во ефективен посредник помеѓу работниците и работодавачите
➡️Фокусирање на програмите ма Агенцијата за вработување кон мерки за вработување на млади, создавање на соодветни вештини со кои ќе бидат конкурентни на пазарот на труд
➡️Квалификации, преквалификации и доквалификации на ранливите категории, обуки и вештини потребни за пазарот на труд
➡️ Жестока борба против криминалот и корупцијата
➡️ Интензивирање на соработката со меѓународните организации, експертската јавност, медиумите и други засегнати страни.
Немаме време повеќе да ги повторуваме грешките од минатото, време е за работа, време е за резултати!