Рикалоски триумфално во Крива Паланка

20170219_151728

Во неделата во Крива Паланка во организација на ППФМ и спонзорот “Здравје Радово”, се одржа првиот турнир оваа година за Младинци/ки, кој се бодува за ранг листи, односно за влез во репрезентација.
Членот на ППК Младост96 Александар Рикалоски одигра на многу високо ниво и го освои турнирот без пораз. Постигна 6 победи, од кои во полуфинале го совлада Бужаровски од ППК “Рисови”- Скопје со резултат 4-0, а во финале членот на УГД -Штип Костадиновски со 4-1.
Формата се темпира и за почетокот на пролерниот дел во Супер лигата, каде веќе во сабота “Младост96” го пречекува шампионот “УГД” од Штип. Екипата има квалитетни играчи каде покрај Рикалоски тука се и Александар Штаргоски, Антонио Стимнароски, Марио Апостолоски и Христијан Иваноски.
ППК “Младост96” во пролетниот дел влегува со многу мотив, каде и Управата на клубот се погрижи и го заокружи и делот околу финансиите.
Исто така од 27.Февруари започнува со работа и пингпонгарската школа за пионери.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.