Во петокот во спртската сала ‘Јордан Мијалков’ во Штип под покровителство на Федерација на училишен спорт и Пингпонгарска Федерација на Македонија, се одржа Државното првенство за средни училишта, на кое учество зедоа 40 машки и 12 женски натпреварувачи.
На првенството свое учество имаше и гимназијата ‘Мирче Ацев’ од Прилеп. Александар Рикалоски повторно стана Државен првак за средни училишта постигнуваќи 6 победи без ниеден пораз, победуваќи го во финалето Дамјан Стојчев од Свети Николе.
На првенството учествуваа и Бојан Цветаноски и Ѓорѓи Боцески, водени од професорот Тони Атанасоски.
За Рикалоски ова е трета последователна шампионска титула во ова натпреварување.
Треба да се истакне дека двете федерации, заедно со Универзитет’ Гоце Делчев’, имаа одлична организација и ветуваат неколку проекти, на кои заеднички ќе настапат за популаризација на пингпонгот низ училиштата во Република Македонија.