Кахид ал Синани, рибар од арапската држава Оман во својата ловечка мрежа пронајде нешто лигаво, по што стана милионер, пишува „Дејли Мејл”.
Се работи за т.н. амбра, отпадок од дигестивниот систем на кит. Некои тоа го нарекуваат и „пловечко злато”, а се користи во козметичката индустрија. Таа состојка овозможува мирисот на парфемот да трае подолго.
Рибарот за списанието изјавил дека од своите 60 килограми амбра заработи два милиони долари и најави дека ќе прекине со риболовот и ќе му се препушти на луксузниот живот.
Амбрата е всушност дигестивен секрет што китовите го лачат и исфрлаат, а во неколкугодишното лебдење во морето се згуснува и нараснува, поради морската сол. Се верува дека служи за да ги заштити китовите од тврди и тешки предмети што тие можат да ги проголтаат.
Некои сметаат и дека таа сива густа, мека смеса може да биде и афродизијак.
Најголемата амбра е пронајдена во Австралија во 1913 година. Нејзината маса изнесувала 455 килограми.