Решена судбината на Ангела Меркел: За да преживее, челичната канцеларка до крајот на годината мора да ги добие овие четири битки (ВИДЕО)

Подмладокот на Демохристијаните, изборите во Баварија, ЦСУ, конгресот во декември. Тоа се само некои од бојните полиња за Ангела Меркел, а основното прашање кое се поставува гласи: “Колкава е уште моќта на канцеларката?”

Некои аналитичари сметаат дека Ангела Меркел пред подмладокот на својата партија настапила одлично. Така, на пример, Велт пишува дека покрај нејзе младите изгледале старо.

Канцеларката и претседателка на Демохристијаните (ЦДУ) изминатиот викенд одржала говор во кој постоела доза на самокритика, но и офанзивни моменти – и за тоа на крајот добила овации – пишува спрски “Курир”.

Меркел знае како да постапи со критиките на своја сметка. Уште во 2005 година ја следи забелешка дека не е дорасната за задачите на највисоката функција.

За време на наредните години, ЦДУ губеше на важните покраински избори, а и на сојузните имала просечни резултати.

И покрај тоа, Меркел, не дозволи да падне од власт. Во многу случаеви едноставно чекала гужвата да помине, пишува “Дојче Веле”.

Сите знаат дека на се’ еднаш му доаѓа крајот. Прашањето е само: “Koга?” Меркел вели дека и избрана за овој мандат, а тој трае до 2021 година.

Но, многумина сметаат дека таа ќе се согласи да ја предаде власта на некој друг, и тоа можеби на пола мандат. Кризите кои ја тресат актуелната владеачка коалиција, на многумина им дава повод да шпекулираат дека канцеларката нема долго да издржи.

Меркел нема никаков харизматичен наследник кој околу себе би можел да ги собере сите критичари. “Ако Меркел не издржи долго, Демохристијаните ќе имаат голем проблем”, смета политикологот Волфганг Меркел, кој не е во сродство со канцеларката. “Нема убедлива личност која би можела да ја наследи”, но и покрај тоа се закануваат немири.

Во Баварија, каде веќе децении владее ЦСУ како сестринска партија на ЦДУ, се најавува историски пораз, затоа што оваа партија веќе има апсолутно мнозинство, но во моменталните анкети има само 35% поддршка од гласачите.

Според “Дојче веле” класичните народни партии, ЦДУ/ЦСУ и СПД, се смалуваат. Затоа леволибералните, Зелените и десничарската АфД освојуваат нови гласачи. Двете партии во последните анкети добиле нешто повеќе од 15% поддршка.

Некои политиколози како Вернер Пацелт сметаат дека овие две партии подолго време ќе бидат силни. И поради тога нови избори би биле ризичен зафат за ЦДУ и ЦСУ.

Eрата на Ангела Меркел поминува – тоа овие денови се гледа и по изјавите на политичарите на ЦДУ, како што е Норберт Ретген. Тој пред неколку години се сметаше за можен наследник на Меркел.

Во едно интервју за “Шпигел” изнесе и барање во партијата да се спроведат стратешки и персонални промени – додаваат од српски “Kурир”.

Oд истата сојузна покраина, покрај Ретген, критичари на Меркел се и Јенс Шпан, сегашен министер за здравство, потоа Карстен Линеман, 41-годишен претседател на eкономското здружение на ЦДУ/ЦСУ, како и новиот шеф на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот, Ралф Бринкхаус.

На Меркел и претстои и битката за избор на нов претседател на партијата на конгресот во декември. Конгресот се одржува на секои две години, а Меркел одново ќе се кандидира. Сега има и тројца противкандидати.

Сепак, водечките луѓе во ЦДУ, меѓу кои Бринкхаус, како и претседателот на Бундестагот, Волфганг Шојбле, веќе се изјаснија дека ќе гласаат за канцеларката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.