“Гаспром” веќе изгради 80% од вкупната должина на гасоводот “Турски тек” во должина на двата краци, изјави извршниот директор на овој руски холдинг Алексеј Милер, пренесува српски “Спутник”.
“Изградбата на гасоводот “Турски тек” е во тек, а 1.500 км цевки или 80% од вкупната должина на гасоводот е положено на двата краци”, рече Милер, говорејќи на состанокот посветен на денот на работниците во нафтената индустрија.
Проектот “Турски тек” подразбира изградба на гасовод од РУсија до Турција, кој се состои од два краци со капацитет од 15,57 милијарди кубни метри.
Првиот крак е предвиден за испорачување на гас до турските потрошувачи, а ќе започне со работа во текот на оваа година. Вториот крак е наменет за снабдување на земјите од јужна и југоисточна Европа, а неговото пуштање е планирано за 2019 година. “Гаспром” размислува за варијанти за продолжување на “Турски тек” преку Бугарија и Србија, или преку Грција и Италија.