Доколку во текот на летните денови сакате да зготвите нешто што не бара премногу време покрај шпоретот, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас.
Состојки:
- 500 грама шпагети
- 100 грама сланина
- 100 грама пекорино сирење
- 1 лажица маслиново масло
- 2 чешниња лук
- 3 јајца
- 150 мл павлака за готвење
- Слатка мелена пиперка
- Сол, бибер
Подготовка:
- Шпагетите сварете ги да бидат ал денте. Сланината исечете ја на ленти, а сирењето изрендајте го.
- Во тава загрејте го маслото, пропржете ја сланината да пушти маснотија. Извадете ја и ставете ја на топло. На маснотијата од сланината ставете го лукот. Изматете јајца, 50 грама сирење, додадете малку сол, бибер и мелена пиперка.
- Шпагетите исцедете ги и измешајте ги со маснотијата и со лукот. Тргнете го тавчето од оган, измешајте го со смесата со јајца и павлака. Ставете ја сланината и останатото сирење и по желба декорирајте со магдонос.