Рецепт: Пилешко и ориз на кинески начин

oriz-i-pileshko-650x396

Веќе ви здодеа постојано да го подготвувате пилешкото месо на традиционален начин? Еве еден рецепт што би можеле да го подготвите за вечера. Како да подготвите вкусно пилешко со ориз на кинески начин за две лица проследете во продолжение.

Состојки:

  • 400 грама пилешко филе
  • 300 грама ориз
  • 5 млади кромидчиња
  • 6 благи феферони од тегла (зелени и црвени)
  • ¼ калинка
  • Сол
  • Црн бибер
  • Масло за јадење

Подготовка:

Измиете го пилешкото филе и ставете го хартиена салфетка да се исуши. По ова месото се сече на мали коцкички.

Измиете го и ситно исечкајте 3 млади кромидчиња и издинстајте го во тава во која претходно сте ставиле масло за јадење (дното на тавата треба да биде прекриено со масло).

Кога кромидот ќе добие стаклест изглед, додадете парченца месо и продолжете да пржите, се додека не добие румена боја.

Додадете сол, црн бибер и феферони (претходно пресечени на половинки). По ова додадете 2 мали филџани вода и варете додека месото не омекне и додека водата на испари.

Во посебен сад ставете го оризот и водата (двојно количество вода во однос на оризот), додадете сол по вкус и варете се додека оризот  не е речиси готов. По ова престанете со готвење, затворете го тенџерето со капак, се додека оризот сам не се свари до крај.

Во меѓувреме исчистете ја измијте ја калинкта и ставете ја да се исуши. Остатокот од кромидот исушете го и исечкајте го на помали и потенки стапчиња.

Во чинија прво ставате ориз со дупка со средината, каде ќе го сместите пилешкото со сос. Младиот кромид и семките од калинка ги распоредувате врз месото.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.