Рецепт на денот: Салата „Витаминска бомба“

Почетокот на есента ја носи сезоната на настинки и вируси.

Заштитете го организмот и зајакнете го имунитетот со оваа есенска салата полна со витамини:

Потребно е:

250 г цвекло

150 г рукола

100 г сирење

2 шаки јаткасти плодови (ореви, бадеми или лешници)

100 г листови млад спанаќ

2 лажици јаболков оцет

2 лажици маслиново масло

сол и бибер

Подготовка:

– Цвеклото измијте го убаво и сварете го. Оставете го да се излади, излупете го и исечете го на коцки.

– Убаво измијте ги листовите спанаќ. Јаткастите плодови исецкајте ги на помали парчиња. Исто и сирењето исечете го на коцки.

– Во еден сад ставете ги оцедот и маслиновото масло и изматете ги со вилушка. Додадете сол и бибер, по вкус.

– Во чинија за сервирање ставете ги сите состојки и на крај прелијте ги со подготвениот прелив.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.