РЕЦЕПТ КОЈ ЌЕ ГИ ВООДУШЕВИ СИТЕ ЖЕНИ: Направете палачинки кои не дебелеат

profimedia-0069891647_1

Палачинките се омилен десерт на огромен број луѓе, но жените често ги избегнуваат за да не стават некој килограм повеќе. Поради тоа пронајдовме рецепт за палачинки кој е подеднакво вкусен, но не дебелее.

Па, зошто не би пробале?

palacinke-kockica

Потребно ви е:

  • 1/2 чаша со овесни снегулки
  • 1/2 чаша кокосово брашно
  • 1/2 чаша просо
  • малку сол
  • 1 лажичка шеќер или мед
  • 1/2 прашок за пециво или лажичка сода бикарбона
  • 1 лажица безглутенско брашно
  • 2 јајца
  • 2 dl млака вода
  • 1 лажица масло

Подготовка:

Овесот, кокосот и просото сомелете ги во млин за кафе. Овесните снегулки нека бидат убаво сомелени, како и просото и кокосот. Соединете ја смесата со остатокот од намирниците. Потоа новата смеса оставете ја да отстои петнаесетина минути во фрижидер.

Во тавче загрејте масло, а при турањето од смесата внимавајте да не ставате голема количина, за да палачинките не ви бидат дебели.

Woman home baking on kitchen table, Image: 13901205, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, Narratives

Печете од двете страни додека палачинките не поруменат. На крајот намачкајте ги палачинките со мед.

Добар апетит!

 

А.Г.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.