(Рецепт) Едноставен колач од портокали: Лесно се прави, но вкусот му е главна предност

Идеално време е да се одморите од тешките и комплицирани колачи кои се прават за Божиќ. Ви предлагаме лесен и едноставен рецепт за колач од портокали.

Состојки: 200 грама меко брашно, 400 грама шеќер, половина лажица сол, 4 јајца, 220 грама путер, 2 лажици екстракт од портокал, 1 лажица рендана кора од портокал.

За преливот потребни се: 200 грама шеќер во прав, 2 големи лажици сок од портокал, 1 лажица кора од портокал.

Подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени и премачкајте го со масло садот во кој ќе го правите колачот (30x20cm). Разматете ги јајцата со путер, додајте шеќер, екстракт и кора од портокал и продолжете да матите. Ставете го тестото во садот за печење и печете го половина час.
Направете прелив од шеќер во прав и сок и рендана кора. Загрејте ги заедно во сад, повремено мешајте и почекајте шеќерот да се стопи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.