Република Северна Македонија без превод, решение за кое до утре Заев треба да се изјасни

Според информациите на грчкиот весник „Та Неа“ утре се очекува да има брзи промени во преговорите за името на Република Македонија.

Одговорот на Зоран Заев дали прифаќа конечниот грчки предлог што беше договорен во Њујорк, меѓу Димитров и Коѕијас ќе го покаже патоказот во текот на случајот.

Како што пишува грчкиот весник доколку одговорот биде позитивен, тогаш Заев ќе има телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Доколку пак Македонија не даде позитивен одговор во текстот се вели дека тогаш преговорите ќе пропаднат и двете земји ја пропуштаат шансата да најдат договор, особено во ова време.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.