“Република”: Мебелот од Камчев бил озвучен: Катица Јанева договарала peкети додека некој постојано ја слушал?

Ексклузивниот мебел за домот на Катица Јанева, подарок од близок родина на бизнисменот Орце Камчев, пристигнал со дополнителна опрема – апаратче за прислушување, тврдат извори од истрагата, пренесува Република.

Неофицијално, во каучот, двоседот и фотелјите, кои специјалната обвинителка ги добила на подарок од осомничениот, сокриена била и буба за прислушување.

Наводно, со уредот биле следени разговорите што Јанева ги водела во својот дом, но и нејзините телефонски разговори од фиксен и мобилниот телефон, пишува порталот.

Денеска обвинителството наложи конфискација на мебелот добиен како подарок од сопственик на фирма, која е близок роднина на инволвиран во случај кој го води СЈО. Како што тврди изворот, се работи за мебел од фирмата на сестрата на осомничениот во „Империја“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.