“Република”: И покрај уцените, скијачката федерација не стана “Северна”

На редовното годишно собрание на Скијачката федерација на Македонија, како една од главните точки е ставена точка за промена на името во Скијачка федерација на Република Северна Македонија.

Како што дознава „Република“, предлогот по секоја цена го наметнувале претседателот на Федерацијата В.П. и потпретседателот В.С..

Она што вреди да се напомене, е што сегашниот претседател е брат на претходниот претседател З.П., кој ја водеше Федерацијата дури 16 години. Од братот, В.П. ја наследи и претседателската функција и фамилијарниот бизнис во скијањето.

Според изворите на порталот “Република”, некои од клубовите биле уценувани, сепак, предлогот за промена на името на Скијачката федерација на Македонија не поминал, бидејќи делегатите не го поддржале. Против предлогот Федерацијата да стане „Северна“ гласале клубови од Гостивар, Битола и од Скопје.

Извор: “Република”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.