Зоран Заев повторно покажа дека човек кој не си стои на зборот. Како и многу пати досега уште еднаш го погази кажаното и ја лаже македонската јавност. Нема да даде оставка ако не успее референдумот, иако ја најави пред целата македонска јавност, анализира Република.
Пред само еден месец храбро изјавуваше дека ќе даде оставка доколку не успее референдумот, за да вчера не само што избега од кажаното, туку изјави дека по секоја цена ќе го турка договорот со Грција.
-Да, ќе заминам ако не успее референдумот во Република Македонија, изјави Заев на 25 јуни во емисијата во „Уреднички брифинг“ на 1ТВ.
Вчера на 25 јули истиот тој Заев, изјави дека и со неуспешен референдум насила ќе го турка договорот и ќе го менува уставното име на Република Македонија.
-Ако излезат милион гласачи, 600 илјади се против, а 400 илјади се за, тогаш не важи Договорот со Грција. Ако излезат 800 илјади гласачи, 600 илјади гласаат за, а 200 илјади се против тогаш граѓаните не донеле одлука. Ако нема исполнет цензус нема одлука како што е по Уставот и тогаш останува институциите да одлучат, Парламентот да гласа за уставни промени или да гласа против уставни промени, рече Заев.
Заев покажа дека не само што е човек кој постојано менува ставови и не стои до кажаното, туку потенцираше дека нема намера ниту да ја почитува волјата на граѓаните на Република Македонија. Изјавуваше и дека решението ќе го бара заедно со опозицијата, а одлуката на референдум ќе биде конечна. Денес сме сведоци како Заев ниту се консултираше со опозицијата ниту има намера да го почитува референдумот доколку резултатот не е во негова корист.
-Не е тема на разговор уставното име на Република Македонија, тоа што е важно да бидат спокојни граѓаните заедно со идната опозиција ќе ги носиме одлуките и конечни одлуките ќе бидат на референдум на граѓаните. Тоа уште еднаш потврдува дека уставното име на Република Македонија нема да се менува, изјави Заев во мај 2017 на Клик Плус на ТВ 21.
Претходно Заев изјавуваше дека нема да го менува Уставот и дека не се родил човек кој може да го направи тоа, дури и се колнеше во своите деца и предци, за потоа да го промени својот став и да најави промена на Уставот и промена на се што е македонско.
Извор: “Република”