Реновирана спортската сала во ООУ “Круме Волнароски”, а во OOУ “Добре Јованоски” таблети за учениците од социјално ранливите семејства (Фото)

Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, денеска ги посети основните училишта “Круме Волнароски” во населеното место Тополчани и ООУ “Добре Јованоски”, каде во пресрет на празниците се реализираа инвестиции за подобрување на наставата на учениците.

-При мојата денешна посета на ООУ „Круме Волнароски“ во Тополчани извршивме увид на комплетно реконструираната спортска сала во училиштето. Променет под со нова подлога, нови спортски реквизити, зголемен фондот на книги во училишната библиотека и нови училишни клупи и столчина. Радост за сите ученици, а гордост за раководниот тим и сите вработени во училиштето.

Во ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп, денес им ги предадовме на користење 22 таблети набавени за социјално ранливите категории на граѓани од ромската заедница. Проект одобрен од Министерството за локална самоуправа, врз основа на Стратегијата за Ромите во Република Македонија. Во овие претпразнични денови убаво е чувството кога ќе се презентираат вакви проекти за подобрување на условите за работа во училиштата и за целокупниот општествен развој – напиша Јовчески на ФБ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.