Откако пред извесно време прилепското диџеј дуо “Cyrillic” направи ремикс на евровизиката песна “Proud”, што во Тел Авив ја пееше Тамара Тодевска, песната сега е објавена и на YouTube каналот CDeep, еден од најголемите музички канали специјализирани за deep house музика.
Ремиксот на баладата, чии автори се Дарко Димитров, Роберт Билбилов и Лазар Цветкоски, на текст на Коста Петров, звучи сосема поинаку од оригиналната песна, која заврши на првото место според гласовите на стручното жири на „Евросонг“.
Фановите на deep house музиката, воодушевени од звукот, ја опишуваат оваа верзија на Proud како „вистинско освежување“ и „летен хит“. Песната зa 3 дена има над 40.000 прегледи на YouTube.