Ремек дело изработено од отпадни материјали: OOУ “Добре Јованоски” oсвои прва награда на конкурсот од “Пакомак” (Фото)

Кога креативноста ја покажуваме на дело тогаш успехот е загарантиран. На конкурсот од “Пакомак” ТrashForArt 2023, ООУ “Добре Јованоски” освои прва награда со уметничкото дело “Змејот и витезот”.

Делото е целосно изработено од амбалажен материјал и повеќе од заслужено ја освои главната награда на конкурсот.

-Голема благодарност до наставниците кои учествуваа во изработката: Елена Десоска, Јасмина Алампијоска, Јагода Волческа, Мирјана Тромпеска, Маја Најдоска како и хаус мајсторот во училиштето Љупчо Аврамоски – напишаа од училиштето на ФБ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.