Рекреативен планински настан „ТУРА ПРЕКУ СЛИВА 2016“

6385-rekreativan-planinski-nastan-tura-preku-sliva-2016-960x600-1

Здружението на љубители на ридско-планински активности, рокенрол и добра чашка во координација со Општина Прилеп го организираат третиот рекреативен планински настан „Тура преку Слива 2016“.

Целта на оваа манифестација е промоција на убавините на Селечка планина и развој на алтернативниот туризам како: Планинскиот велосипедизам, планинарство и планинско трчање. Патеката не води низ археолошките локалитети на Врвот „Висока“ каде се наоѓаат остатоци од Кралскиот дворец кој датира од п.н.е. Кралската гробница кај месноста Павла Чука на локалитетот Старо Бонче и праисториското светилиште Палатица во с.Штавица.

Велосипедската офроуд тура започнува од Центарот на градот, ги опфаќа селата Волково и Чумово, па преку превојот Слива познат како „Порта Мариовска“, продолжува кон Бонче, Подмол, Марул, Штавица и завршува во Прилеп.

Учесниците на планинарската тура и на планинското трчање организирано се упатуваат до с.Бонче и ќе ги посетет Врвот Висока и Кралската гробница.

Оваа година организацијата ќе опфати и роуд велосипедска тура од Центарот на градот преку Превој Слива до с.Бонче и обратно. На нашата манифестација ќе бидат присутни љубители на овој вид рекреација од цела Македонија. Манифестацијата ќе заврши со заеднички ручек и мала забава за сите учесници.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.