Рекорд: Пчелар уништил гнездо со 320.000 стршлени

Хрватскиот пчелар Ивица Мишин уништил легло со 320.000 стршлени. Човекот кој повеќе од 8 години оди секаде каде што се јавуваат проблеми со гнезда од стршлени вели дека последната акција била негов рекорд.

„Ми требаа два ипол часа и три боци плин за да го уништам леглото. Штом се приближив се вознемирија но останав прибран. За среќа се помина без проблеми, а сопственикот на куќата се спаси од сериозен проблем“ – вели Мишин.

Искусниот пчелар од Осјек вели дека во последните години стршлените мутирале и се вкрстиле сo врста од Индија поради што станале поопасни.

„Ретко кој може да го преживее убодот од овие стршлени. Поголеми се и поагресивни. Во Хрватска има фирми кои отстрануваат гнезда но цените по кои го прават тоа се високи за граѓаните, па ме викаат мене. Јас работам бесплатно. Ако даде некој нешто за да ги покрие трошоците за пат добро, ако не, јас пак сум тука за луѓето“ –ја завршува хрватскиот пчелар својата приказна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.