Западна Европа денеска се соочува со уште потопол бран, а во Франција и Велика Британија се издадени предупредувања за екстремно топло време додека северна Шпанија регистрира температура од 43 степени.
Во исто време шумски пожари беснеат во Франција, Португалија, Шпанија и Грција, а дел од жителите се евакуирани.
Денеска се очекува да биде најтоплиот ден во Велика Британија, а експертите велат дека делови од Франција се соочуваат со „топлотна апокалипса“.
Во неколку делови од Франција забележани се рекорди температури, а за Нант забележани се 42 степени, соопшти националната метеоролошка служба.
Шумските пожари во последните денови приморале над 30.000 луѓе да ги напуштат своите домови, а поставени се засолништа за итни случаи за евакуираното население.
Се предвидува температурите малку да опаднат, но тоа нема да донесе олеснување додека траат сувите услови и променливите ветрови.
Во Шпанија и Португалија над 1.000 смртни случаи се препишани на високите температури изминативе денови. Во Португалија во четвртокот температурите достигнаа 47 степени, што е рекорд за јули.