Рекордни воени игри: Кина испраќа војска на тренинг во Кремљ

Русија на почетокот од оваа недела ги започна најголемите воени вежби “Восток 18” во кои учествуваат 300.000 војници, 36.000 тенкови и 1000 авиони. Станува збор за една третина од руската војска која делува на далечниот исток во најголемите руски воени вежби, поголеми дури и од оние во 1981 година кои биле направени на Балтичко море и источна Европа за време на напнатоста меѓу САД и Русија.

Во овие опсежни вежби се вклучија и кинеските сили, но многу луѓе ќе речат дека Русите го преувеличуваат бројот на војници кој го прикажуваат.

Некои конзерватини проценки викаат дека станува збор за 7.000 до 10.000 возила и сметаат дека доколу има околу 25.000 возила, би се “загушиле” железничките станици и автопатите, па затоа ова е невозможен логистички предизвик, пишува “The Diplomat”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.