Откако вчера беше заграден дел од пешачката зона на булеварот “Гоце Делчев”, денеска се појави и првата механизација која ќе работи на реконструкцијата на дел од булеварот.
Реконструкцијата ќе го опфати потегот од кружниот тек кај споменикот Карпалак, па се до крстосницата пред поранешната градска кафеана, а истото ќе биде направено и со делот од улицата ,,Прилепски бранители,, од крстосницата кај поранешна градска кафеана, до кружниот тек пред поштата.
Ова беа информациите од градските власти минатата година, а проектот според тогашните најави требаше да започне пред Нова година.
Изведувач на градежните работи според поставената табла е компанијата “Изофас”, a проектант е Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање.