Најновата телефонска анкета на МКД.мк, спроведена од Маркет вижн на 1.200 граѓани во периодот од 12 до 20 декември, покажува големо водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.
Во однос на политичката определеност на гласачите, ако утре се одржат парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ е во предност (14,17%) пред СДСМ (11,58%) од 1.200 анкетирани.
Ако овие бројки ги пресметаме само во однос на оние кои се определиле (929), тогаш разликата е – за ВМРО-ДПММЕ 18,3%, за СДСМ 15%.
Меѓу гласачите Македонци разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е поголема – 12,6%:7,2%. Висок е и процентот на гласачите Албанци кои би гласале за СДСМ – 2,1%.
Анкетата е извршена на репрезентативен примерок на ниво на Македонија според: регион, пол и возраст во однос на проценките за населениетот од Државниот завод за статистика од 2017 година. Албанската популација во примерокот е застапена со 20,7%.
Целосната анкета погледнете ја ТУКА