Резил! Уапсена прилепчанка, украла производи од продавница

На 27.10.2025 во 17:10 часот во продажен објект на ул.„Методија Шаторов Шарло” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишија од слобода А.В.(41) од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Таа била затекната при вршење на кражба во објектот, при што одзела повеќе производи. Украденото било вратено на сопственикот, а по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.