Во петтата и шестата епизода на серијалот “Последниот танц” видовме како Џордан стана најпопуларен спортист на планетата, но и некои темни страни на неговиот живот.
Во седмата епизода, која ќе се емитува наредната седмица, ќе бидат прикажани најлошите страни на Џордан. Во оваа епизода ќе видиме како тој го удиpa Стив Кер на тренинг, за што и двајцата зборуваа, но и некои настани за кои ниту режисерот Џејсон Хејр не може да верува дека поминале низ цензурата. “Ќе се изненадите од следните епизоди. Можеби Џордан ја прескокна седмата епизода, не можам да верувам дека не е повлечена”, рече тој во емисијата на познатиот радиски водител Дан Петрик.
“Ќе видите како беше да се игра со Мајкл и како беше да се игра против него. Кога ќе видите што правел, не знам дали би посакале да бидите на тренинг со него. Сигурен сум дека би било забавно да се гледа тоа, но не и да се учествува. Тој сакал тренинзите да бидат потешки и од утакмиците, а тоа беа 90-тите во Источната конференција. Понапорни и ментално исцрпувачки отколку што можете да замислите”.