Редок морален чин: Дурловски си поднесе оставка

Еден од најголемите светски вокали но и доскорешен пратеник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Р.Македонија, вечерва си поднесе оставка од пратеничката функција.

Како што вели Дурловски, „пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот“, што пак укажува на тоа дека Дурловски не се согласувал со начинот на водењето на собраниската политика.

Игор Дурловски беше суден за настаните од 27.април, и ослободен од обвиненија откако обвинителството не успеа да ја докаже неговата вина. Дурловски беше и еден од предводниците на „За Заедничка Македонија“.

Дурловски останува да биде дел од најдоброто од Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.