Од полноќ се зголемува цената на дизелот.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,00 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,238 ден/кг и сега ќе изнесува 53,592 ден/кг.
Од 24.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,00 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,00 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,00 (денари/литар); Мазут М-1 НС 53,592 (денари/килограм).