Регулаторна одлучи: Повторно поскапување на горивата за оваа недела

Бензините и дизелот од полноќ ќе бидат за половина денар поскапи, реши на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката, Дизелот и ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе бидат поскапи за половина денар и ќе се точат за 60.5 денари дизелот и 69,5 денари за 98 октанскиот СУПЕР.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 нема да се промени и ќе се точи за 67 денари по литар.

Минатата недела, цената на Еуросупер БС-95 беше зголемена за половина денар, а цените на останатите горива останаа нeпроменети.

Согласно новата методологија, Регулаторната комисија за енергетика секој понеделник ги објавува новите цени на горивата за разлика од порано кога секоја втора недела имаше промена на цената на горивата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.