Општина Прилеп, вчера вечер имаше можност да биде дел од еден поинаков културен настап во рамките на Регионалните денови на културата во Пелагонија. Присутните имаа можност да уживаат во изведбата на перформансот насловен „Девојчето со долгата коса“.
Целта на оваа активност е да се прошири културната понуда на регионот и да се доближи културата непосредно до сите граѓани од сите општини од Пелагонискиот регион. Регионалните денови на културата се реализриаат во рамките на проектот: Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.