Реал не штети и во светска пандeмиja: Новиот “Сантијаго Бернабеу” ќе биде нешто посебно – погледнете! (Видео)

Иако во светот на спортот владее криза поради пандемијата на коронавирусот, Реал Мадрид ја продолжува реконструкцијата на „Сантијаго Бернабеу“.

Според планот на управата на „кралскиот“ клуб, реконструкцијата на славниот стадион ќе изнесува 500 милиони евра, а градот Мадрид дозвола да се продолжи со работите иако Шпанија е една од најпогодените земји во светот од коронавирусот со повеќе од 170.000 лица кои се позитивни на ковид-19.

– Нашиот стадион ќе биде најдобар на светот – порача претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Крајниот рок за завршување на реконструкијата на стаидонот кој е стар 73 години е октомври 2022 година.

Најголема промена во новиот „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде подвижниот кров кој ќе може да се затвора за само 15 минути.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.