Реал Мадрид стана светски клубски шампион

2016-12-18t142623z_125072783_mt1aci14707274_rtrmadp_3_soccer-clubfinal

Победникот на Лигата на шампионите Реал Мадрид стана светски клубски првак откако вчера го победи шампионот на Азија, Кашима со резултат 4-2.

Реал поведе со голот на Бензема во 10 минута, откако Лука Модрич пуцаше кон голот на јапонскиот тим, но топката се одби од голманот, а Бензема се најде на вистинското место.

Но, во 44 минута по грешката на одбраната на Реал, Гаку Шибасаки погоди за јапонскиот состав и резултатот беше 1-1 на полувреме. Десет минути по започнувањето на второто полувреме јапонскиот тим поведе со 2-1, а стрелец беше повторно Шибасаки.

Во 59 минута Роналдо стрелаше од белата точка за 2-2. А во последните 30 минути следуваше опсада на голот на Кашима, но без погодок.

Реал постигна уште два гола за време на продолженијата.

За Реал Мадрид ова е втора титула светски клубски шампион. На трето место заврши колумбискиот тим Атлетико Национал.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.