ЈКП Комуналец-Прилеп по распишаниот тендер за сукцесивна набавка на услуги за ангажирање на агенција за привремени вработувања, склучи договор со агенцијата за привремени вработувања „Реалност 06“ од Прилеп – дознава порталот “Инфокомпас”.
Вредноста на склучениот договор, со вклучен ДДВ, изнесува 22.656.000 денари.