Реализирана донацијата од 2 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници

Спорт Лаиф обложувалници успешно ја реализираа донацијата од 2 милиони денари за обнова на Одделот за абдоминална хирургија на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Проектот, опфати комплетно реновирање на делот за постоперативна нега на пациентите на површина од скоро 400 м2.

Обновата вклучуваше поставување на нови подови и тавани, како и целосна модернизација на електричните и санитарните инсталации во болничките простории. Со оваа интервенција, капацитетот на одделот е зголемен за 4 легла, со што сега одделот може да обезбеди соодветни услови за постоперативно лекување на 28 пациенти.

„Спорт Лаиф обложувалници се гордеат што имаат можност да дадат придонес во подобрувањето на условите за здравствена грижа во нашата заедница. Веруваме дека оваа донација значително ќе го подобри квалитетот на услугите што ги добиваат пациентите во одделот за абдоминална хирургија и ќе придонесе за нивното побрзо закрепнување“, истакнува Петар Поцков, маркетинг директор на Спорт Лаиф.

„Со поддршката на Спорт Лаиф Треид и нивната значајна донација, го реновиравме делот за постоперативна нега, овозможувајќи пристојни услови за третман и нега на хируршките пациенти. Проектите за реновирање и подобрување на условите за лекување по повисоки стандарди и понатаму претставуваат предизвик за во иднина. Во име на сите вработени, искрено ја изразуваме нашата благодарност кон Спорт Лаиф за оваа значајна поддршка“ изјави д-р Небојша Настов, в.д. директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Спорт Лаиф обложувалници остануваат посветени на својата мисија за поддршка на заедницата преку проекти кои имаат реално и позитивно влијание врз животите на луѓето.

Во пресрет на новогодишните и божикните празници, традиционално, од страна на тимот на Спорт Лаиф, беа израдувани со новогодишни подароци, децата во ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје и лицата од Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“, Куманово.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.