Реакција на Ректорот на Универзитетот “Скопје”, Аце Миленковски, за актуелната состојба со личните документи:
Голема срамота, навистина голема срамота е за една сериозна држава, како нашата Македонија, актуелен аспирант за ЕУ- (таа истата која многу ја зборуваа), да ја остават во ваков хаос и на штета на македонските граѓани, кои апсолутно немаат никаква обврска да менуваат нешто што сеуште е важечко!
Срамотно и крајно понижувачки е жени и деца да чекаат и по 10 саати, само и само затоа што некој “така сакаше”, а не по желба на мнозинстовто граѓани, кои рекоа ,,НЕ” на менувањето на името на државата!
Крајно нехумано и нечовечки е долго време да знаете, далеку пред самото потпишување, дека ставајќи печат за промена, ставате обврска на и така напатениот македонски народ, на своја штета и морална и финансиска, да ја трпи вашата неукост. Уште еднаш докажавте дека ниту сте имале ниту имате национално чувство за Македонецот!
Сите вие, МОРА да бидете најбрутално казнети за секој ваш чекор за понижување на македонскиот народ!
Вие господа од власта, веднаш мора да го прочитате ,,Пеколот,, од Данте и со право на избор дадено од народот, овој пат последно, да кажете во кој круг сакате да влезете во најтемната дупка од македонската историја! Сепак, ќе се послужам со стиховите на Анте Попоски и ќе завршам.
“Еве ја таа проста земја
од дволичен камен
и сонце.
О, еве ја таа проста земја
од грч
и од чекање.
Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски
А никој не ја знае”.
(Македонија)