Рајскиот манастир Св. Илија во село Дрен широко ги отвара портите за Илинден: Дојдете и почувствувајте дел од недопрената природа (ФОТО)

По повод големиот христијански празник Св. Илија (Илинден), организаторите во манастирот Св. Илија во село Дрен прилепско ве покануваат да присуствувате на празнична литургија и ручек, во рајскиот Божји храм сместен во недопрената природа на овој планински предел.

Вечерната богослужба започнува во 20:00 часот на 1-ви август, а утринската во 07:30 на 2-ри.

За верниците и сите добронамерници организиран е превоз на 1-ви август од 18:00 часот пред Солидност, а на 2-ри во 07:00 часот на истата локација.

Празнувањето на празникот во овој манастир влечи подолга традиција и секоја година на Илинден се собираат голем број луѓе.

Кој што не бил не знае каква магија и Божја убавина владее во ова светилиште.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.