Рајска убавина на само 15 километри од Прилеп: Појдете и уживајте во чистиот воздух, снегот и прекрасната природа (Фото)

Рајската красота на манастирот Св. Илија Писокал се распослала зиме низ соблечената дабова шума под превојот Слива.

Манастирот кој плени со својата убавина се наоѓа на 15 километри од Прилеп, на патот за Мариово.

Снежната идила е како магнет за сите посетители. Крцка снегот под нозете, воздухот ѕуни, а одаите на манастирскиот коплекс повикуваат на одмор со топла ракија или топол чај.

Погледнете ги овие прекрасни зимски пејсажи кои ги објавија членовите на одборот од манастирот:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.